Пејачот Шабан Шаулиќ стравува за своето здравје бидејќи стомачната аорта веќе две години му прави проблем.
Тој открива дека е подготвен за хирушки зафат иако се надева дека терапијата што ја зема ќе го одложи одењето на операција.
-Пред неколку години направив комплетен преглед и беа подготвен за операција. Меѓутоа, главниот лекар ми кажа дека се уште не сум подготвен за операција зашто состојбата ми е релативно стабилна. Терапијата што ја пијам ми помага, но во секој случај морам на операција иако длабоко во себе се надевам дека до тоа нема да дојде, вели Шабан кој е свесен дека неговата здраствена состојба може брзо да му се влоши.