Загина еден од најпознатите грчки пејачи Панделис Панделидис (ВИДЕО)


Утрово околу 08 часот и 20 минути познатиот грчки пејач Панделис Панделидис загина во сообрќајна несреќа која се случила во областа Еленико, во јужниот дел на Атина.pocina-grcki-pejac-640x350

Во несреќата пејачот починал откако медицинските лица од Брзата помош се обиделе да направат сè да го спасат, но поради големите повреди на главата по кратко време по несреќата починал, додека двете сопатнички кои биле со него во автомобилот се сериозно повредени и се пренесени во најблиската болница.

Се претпоставува дека до несреќата дошло откако пејачот изгубил контрола врз возилото и истото излетало од патот.

Овој 32-годишен познат грчки пејач, кој зад себе остави голем број испеани хитови, е роден во Атина во 1983  година. Тој е самоук пејач и за да ги оствари своите зацртани цели и да биде она што беше во музичкиот свет, се откажува од кариерата во грчката морнарица и комплетно се посветува на музиката и на музичката кариера.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1