Сопругата и синовите не веруваа дека Екрем Јевриќ починал од природна смрт, па затоа погребот беше одложен за 24 часа.
Братучедот на Екрем, Шефкир вели дека ги добиле резултатите од обдукцијата, кои покажале дека Јутјуб ѕвездата починал од срцев удар.
– Само што се слушнав со брат ми и ми кажа дека Екрем починал од срцев удар. Тој порано имаше големи проблеми и една операција. Ненадејно почина во автомобилот, никој не се надеваше на тоа. После операцијата полека се опоравуваше, дури беше во реално шоу. Животот е чудо, сите плачат за него, многу луѓе го сакаа и за него зборуваат се најдобро, – изјавил Шефкир.