ВИДЕО: Објавена стравотна снимка на сопруг кој ја тепа манекенката со цигли и стап


Во јавноста протече стравотна снимка од австралиска манекенка Беренџер Роуз (27) на која малтретираната жена цела со модринки и рани го преколнува сопругот да прекине да ја тепа.

Тоа што е уште пострашно  е дека целото видео го снимил токму Шан Каберт (25) кој на своите пријатели им се фалел дека Роуз му служи да тренира на неа како да е боксерска вреќа.manekenka6

Насилниот сопруг снимката од малтретирањето  ја праќал на своите пријатели, но за среќа се најде некој нормален и целата снимка ја дал на медиумите кои го разоткриле случајот.

Познатата манекенка подоцна признала дека насилството трае од моментот кога двојката се венчала минатата година. Тврди дека на почетокот на врската тој бил прекрасен и пристоен, но откако стапиле во брак почнал да ја покажува насилната страна.

-Ме тепаше секој ден. Не застануваше додека целото тело не ми беше прекриено со модринки. Се чувствував како да сум во затвор. Кога му кажав дека и јас имам свои права, тој само ми одговори дека јас немам никакви права – раскажала манекенката.

Каберт моментално се наоѓа во притвор поради семејно насилство и поставување на експлозивни направи за Божиќ. Сепак, се уште не е познато дали Роуз го пријавила на чуварите на законот.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1