Зараза се шири во бегалскиот камп Идомени!


9-годишно сириско девојче е однесено итно во болница

Прв случај на хепатитис А е потврден во грчкиот бегалски камп во Идомени на границата со Македонија, објави грчкиот Центар за контрола и превенција на болести во саботата. Според билтенот на здравствената агенција , заразено е 9-годишно сириско девојче.migranti_9_1-172611

Таа е одведена во болница во Солун, а нејзината сотојба е стабилна, пренесува агенцијата Sputnik. Центарот, во соработка со локалните здравствени власти, презема чекори за спречување на ширењето на болести меѓу бегалците.

Овие мерки вклучуваат ширење на информации за хигиената, дезинфекција на тоалети, употребата на безбедна и чиста вода за пиење. Во село Идомени се наоѓаат илјади бегалци откако Македонија, заедно со своите балкански соседи, воведе ограничувања за бегалци на своите граници, што значеше сопирање на протокот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1