Фоторепортерот на ВЕЧЕР, Наке Батев се здоби со повреди на главата и заврши на Ургентниот центар во Скопје, каде повредата му била санирана и добил неколку конци на главата.
Настана општ хаос и добив удар во главата, објаснува Батев.
-Бев на работа ги покривав протестите кои најпрво беа пред СЈО , па пред канцеларијата на претседателот и инцидентот се случи пред Собранието каде што толпата која што сакаше да го помине полицискиот кордон, рече Батев.
Батев бил прегледан, му било направен ренген и примил инфузија а сега ги чека резултатите од неврохирург. Тој вели дека уште еден колега бил соборен на земја.