СЈО со нова истрага „Транспортер“


Специјалното обвинителство отворило нова истражна постапка „Транспортер“ во која ги испитува сомненијата за сторени злоупотреби со превоз за ученици од страна на градоначалник на Битола и претседателот на локалната Комисија за јавни набавки при што се осомничени дека злоупотребиле речиси 360.000 евра од државниот буџет, објави Фатиме Фетаи, обвинителка во СЈО.katica janeva 555

– Ќе слушнете за најскапиот превоз на светот за ученици во средните и во основните училишта во градот на конзулите. Од буџетот на Република Македонија злоупотребени се 2.4891 денар (околу 360.000 евра), што во тоа време изнесувало повеќе од 250 просечни плати во земјава – рече Фетаи.

СЈО, како што беше речено, ќе побара мерка конфискација на имотот на градоначалникот

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1