Италијанците барaат: Французи, вратете ни ја нашата Мона Лиза!


Во Италија е покрената кампања за враќање на Мона Лиза на Да Винчи во “родниот град” Фиренца, во петицијата до сега се собрани 150.000 потписи.


Петицијата била организирана од страна на Националниот одбор за историско и културно богатство, бидејќи сметаат дека најпознатото светско уметничко дело треба да биде вратено во музејот Уфици во Фиренца каде што било изложено на почетокот на 20 век.

Претседателот на Одборот Силвано Винченти испратил официјално барање до францускиот  министер за култура Аурелио Филипетиј во кое што тврди дека враќањето на сликата во Италија ќе биде од: “високо историско значење, како симболично така и морално”
-Меѓутоа, од Лувр веќе го одбиле барањето на Одборот со став дека нивните барања за правата кон оваа слика се неосновани. Всушност, историчарите на уметност тврдат дека Леонрадо сликата започнал да ја слика во 1503  година во Фиренца, но во 1516 година со себе ја однел во Париз. Потоа таа била во сопственост на француското кралско семејство, а после француската револуција завршила во Лувр.Од парискиот музеј била украдена 1911 година, за две години подоцна да биде пронајдена во домот на италијанскиот патриот и бивш работник во овј музеј Винченцо Перуџа, пренесува Daily mail.
Пред да биде вратена во Лувр накратко била изложена во Фиренца и Рим, а од тогаш станува сопственост на Франција.

Tags: , , ,

Иренa Мрческа

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1