Се помолила пред чудотворната икона во Трубарево и оздравела


Мироточивата икона во црквата “Свети Ѓорѓија Победоносец” почна да прави чуда. Ова го потврдуваат членовите на црковниот одбор и старешината на храмот, отец Бобан Богдановски кои раскажуваат дека благодатот од молитвите пред иконата ја почувствувала една повозрасна скопјанка, на која, по цели десет години и исчезнале болките во нозете, пренесува Сител.

sitel.mk

sitel.mk

– Можеби звучи неверојатно, но една верничка која слушнала за мироточењето на иконата во нашата црква, дојде, се помоли пред иконата, потоа ме праша дали имаме крстена вода. Јас и го покажав садот, си пушти од водата и ме праша: отец, водата е газирана!? Јас и одговорив дека само е светена вода и толку…Но, истата верничка, следниот ден повторно дојде во нашата црква, се заблагодари пред иконата и ме прегрна мене и одборниците. Рече: „Оче, верувале или не, болката во нозете која ја имам цела деценија и која ми го отежнуваше движењето, ми помина”. И еве оттогаш има повеќе од две недели, неколку пати доаѓа, ни раскажа отец Бобан.

Мироточењето на иконата беше забележено на 10. овој месец на неделната литургија кога присутните забележале капки налик на вода на самата икона, а по извесно време целата икона била оросена. Свештеници и теолози на МПЦ, но и лично г.г. Стефан потврдија дека станува збор за „мироточење на иконата”, процес кој во црквата се нарекува чудо и кој често се случува во црквите.

Богородица се појави и на столетната црница?!

На стеблото на столетната црница, која се наоѓа во дворот на левата страна од влезот во црквата „Свети Георгиј Победоносец” во Трубарево, деновиве се појавила и силуета која верниците ги потсетува на пресвета Богородица.

– Стеблото едноставно распука и деновиве, кога излегував од црквата, погледот просто ми го привлече силуетата. Ја прашав и сестра ми, потоа и комшивката на што и личи, и двете ми потврдија дека тоа е силуетата на мајката Божја, ни рече една од верничките кои го чистеа храмот. Она за што дознавме и од другите верници кои ги затекнавме во црквата, ниту свештеникот ниту пак членовите на одборот не сакаа да го коментираат.

Свето миро за заштита на домот

Откако почна да митроточи храмот „Свети Георгиј Победоносец” во Трубарево, верници од сите краеви доаѓаат да го видат чудото и да се помолат пред мироточивата икона. Некои доаѓаат за среќа, некој затоа што има мака или некоја потреба. Оставаат пари, масло и ја даруваат.
Потоа земаат од памучињата со свето миро.

– Со благослов од архиепископот, иконата ја пребришуваме со тие памучиња и им ги делиме на верници, пред се за заштита и за благослов. Се чуваат во кесичка, на чисто место, така како што се завиткани. Не смее мирото да се допира со раце, за да не се осквернави. На тој начин мајка Богородица го чува домот и семејството, ни појасни отец Бобан.

Извор: Сител

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1