ВНИМАНИЕ ЕКСПЛИЦИТНИ ВОЗНЕМИРУВАЧКИ ФОТОГРАФИИ
Американскиот амбасадор во Либија и уште тројца службеници се убиени во нападот на радикалните исламисти на конзулатот на САД во Бенгази.
Нереди имаше и во Каиро. Насилството се случи по прикажувањето на филмот „Невиноста на муслиманите“.Вашингтон најавува освета на радикалните исламисти.
Жртвите биле убиени, откако навооружен маж пукал со граната од ракетен фрлач.
Заменикот министер на либијското министерство за внатрешни работи, Ванис ел Шари, претходно изјави дека дел од персоналот во конзулатот претходно бил евакуиран и се наоѓа на безбедна локација. Американската државна секретарка Хилари Клунтон најави дека САД остро ќе одговорат на ваквиот напад, наведувајќи дека Америка е промотер на верската толеранција, но ќе направи исто така се што е во нејзина моќ, во иднина ваквите настани да бидат спречени.
Претставникот на полицијата во Бенгази, изјави за американската телевизија Си – Би – Ес, дека либиското обезбедување на конзулатот им покажал на толпата каде се наоѓа амбасадорот, откако претходно пред почетокот на протестот, бил преместен надвор од зградата на сигурно место.
Американските аналитичари се прашуваат зошто во зградата на конзулатот немало маринци, кои како што е принцип насекаде во светот, тие се оние кои го обезбедуваат дипломатското претставништво на САД. Наспорти тоа било ангажирано локално обезбедување. Си-Би-Ес наведува дека меѓу загинатите има и двајца маринци, но не знаат дали тие биле како дел од обезбедувањето на конзулатот или пак стигнале непосредно пред нападот.
Според наводите на либиските власти, амбасадорот Крис Стивенс, пристигнал во Бангази на состанок со претставниците за нафтена компанија. Крис Стивенс е првиот американски амбасадот кој загинал на должност уште од 1979 година.
Насилството во Бенгази и во Каиро настанало по прикажувањето на филмот „Невиноста на муслиманите“ кој го поддржал контроверзниот америкасни свештеник Тери Џонс, чии најави пред две години дека ќе го запали Куранот, предизвикаа насилија во Авганистан.
Нередите во овие два града, случајно или не, се поклопија со позивот на лидерот на Ал Каеда, Ајмана ал Завахирија, кој муслиманите ги повика на серија осветнички напади над Американците, поради убиството на лидерот на радикалните исламисти во Јемен.
Нападот во Бенгази го изведоа локалните Салафисти, чие влијание значајно нарасна по падот на режимот на Моамер ал Гадафи, а во добра мера истите ги вооружуваа државите како Катар и Саудиска Арабија.
Нивниот гнев беше предизвикан од филмот чија продукција беше поддржана од страна на свештеникот Тери Џонс. „Невиноста на муслиманите“, дело кое беше режирано од стрна на Израелец, е поставено пред 24 часа на сајтот на една копти организација во Египет, и во неа пророкот Мухамед е прикажан како промотор на педофилијата.
Во Каиро амбасадата ја нападнаа околу 2000 луѓе, но не успеале да го преминат ѕидот кој се наоѓал околу самата амбасада. Еден од демнострантите успеал да го спушти американското знаме и да го запали.
Во нападите, демонстрантите постојано викале „Алах екбар“, „Нема бог до Алах и Мухамед е негов пророк“, а во Бенгазија се извикувало и името на Осама бин Ладен.