2 месеци се криело за Западно – нилската треска во Србија


Имало заболени од овој вирус и тоа се знаело уште пред два месеци, но се чувало далеку од очите на јавноста, наведува белградски Press.

На 6 јули бил испратен првиот примерок на анализа, 12 дена подоцна било потврдено дека има заболени од Западно – нилската треска. Според соговорниците на медиумот, со првиот заразен случај Институтот за јавно здравје и Министерството за здравство морале да ја предупредат јавноста.

Населението не е навреме предупредено, бидејќи станува збор за непријатна тема која повлекува низа превентивни и други мерки, оценува Мирослав Петровиќ од здружението „Право на здравје“.

Да требаше да се зборува за успешна распределба на финансии од донации, би се тепале за гостувања на телевизиите, но во овој случај сите молчеле. Освен правото на здравје, пациентите имаат право на информираност, треба да ги знаат сите ризици и здравствени закани, за да можат колку толку да се заштитат, додава Петровиќ.  Радмило Петровиќ ( пензиониран епидемиолог ) пак, смета дека една од причините за премолчувањето, е оценката на епидемиолозите дека се работи за не многу агресивна болест.

„Тој вирус не напаѓа млади луѓе, тие имаат силен имунитет. Како што видовме починаа личности постари од 50 години и кои што имаат хронични болести“. Сепак оценува тој, надлежните требало навреме да ја информираат јавноста.

Одредени лекари пак, укажуваат на Законот за заштита на населението од заразни болести, според ова на крајот некој ќе мора да одговара.

Share Button

Tags: , , , , , ,

Александар Ѓурчески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1