Со чисти карти на избори во март. Потписниците на „пржинскиот договор“ да постават дневен ред и она што е утврдено и реализирано да се тргне на страна, она што не е да се реши и да се стави крај на оваа криза. Има доволно време до март сите работи со институциите да се решат, изјави Георгиевски во Отвореното студио на телевизија Нова, додава дека треба да се размислува во насока што по изборите, а најдобра опција за демократизацијата на Македонија е да има една изборна единица.
– Тоа ќе ги охрабри помалите партии самостојно да влезат во изборната трка. На тој ќе се отвори простор за сите оние што не сакаат да продолжат да егзистираат во двопартиски систем каде што нема место за никој трет. Сметам дека сите политички партии, освен најголемите, ВМРО ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ ќе добијат со формирање на една изборна единица, изјави Георгиевски.
Се покажа дека бевме право кога велевме дека Пржинскиот договор е измама, изјави Стевчо Јакимовски
-Сите прашања што наводно се пречка за одење на избори се исполнети, медиумите се регулирани, избирачкиот список е пречистен и единствено решение за кризата е да се оди на избори. Но, ние не смееме да продолжиме да зборуваме само за избори. Во Македонија мора и да се работи за спроведување проекти во другите сфери од животот кои не се политиката и изборите, но кои им се потребни на граѓаните. Крајно е неодговорно од политичарите да се пролонгираа оваа ситуација, јас сметам дека избори во март заедно со локалните и да нема отстапка од тој датум а дотогаш има време да се направи се што треба да се направи, изјави Јакимовски.
Во „Отворено студио“ со Анита Петровска Рајковиќ на тема „Моќни лидери мали партии-им се слуша ли гласот?“ дебатираа Љупчо Георгиевски и Стевчо Јакимовски.
Повеќе за дебатата на TvNova.mk