Препаратот од канабис го снемува од рафтовите во аптеките, за само 4 дена го купиле 3000 пациенти ширум земјава јавува Телма. По, критиката од навладиниот сектор дека се продава производ кој не ги содржи во доволни дози двете лековите состојки ЦБД и ТХЦ., производителот застана во негова одбрана. Ова е граничен препарат со минималните законски дозволени дози на психотропната супстанца ТХЦ, за лек на рецепт и повеќе ТХЦ , пациентите ќе треба да ги почекаат темелните студии и истражувања.
Производителот смета дека висината на цената пред се зависи од трошоците и од профитот за трговците.
Иако законот дозволи правни лица да започнат со одгледување од февруари до сега никој не покренал прозиводство на растението коноп.
Истражувањата на невладините организации покажале дека тоа е така затоа што законот пропиша строг режим и високи казни од кои стравуваат идните производители. Невладините бараат од државата овие лекови да се стават на позитивната листа со што ќе станат достапни за сите пациенти со малигните заболувања.