На социјалните мрежи се споделува видео од смртоносен самоубиствен терористички напад врз истанбулскиот аеродром, на кое се гледа како полицијата пука во еден од напаѓачите во обид да го спречи да го исполни мрачниот план, но иако повреден, терористот не се откажува од тоа со себе да однесе и други животи.
Wow the police actually shoots one of the suicide bombers before he blows himself up. #Istanbul pic.twitter.com/7kJzWJycyP
— Gilgo (@agirecudi) June 28, 2016
Според тоа што го јавуваат светските агенции, имало тројца напаѓачи. Првата експлозија одекнала во близина на паркингот, пред влезот во аеродромската зграда, во делот на пристигнувања на меѓународните летови. Втората експлозија, пак, во самиот терминал, во близина на рампата за рентгентска проверка на патниците.