Видео: Роботот Памела ќе спасува луѓе на плажа


Истражувачите од Институтот за технологија во Токио го претставиле роботот, кој е направен по моделот на олимписките пливачи, кои во иднина би можеле да спасуваат човечки животи.

 

Деновите до кога ќе се спасуваат животи на плажа од страна на човекот, полека завршуваат, но, се` уште ништо не е сигурно, бидејќи се` зависи од инвентивноста на Јапонците.

Истражувачите од Институтот за технологија во Токио го претставиле роботот, што е направен по моделот на олимписките пливачи, кои во иднина би можеле да спасуваат човечки животи.

Јапонците моментално работат на прототип, кој покажа дека може да ги прави истите движења како човечките пливачи. Роботот, наречен Свуманоид, може да плива во слободен стил со брзина од 0.64 метри во секунда, што е за третина побавен од светскиот рекорд во истата дисциплина, но, грбни и делфин не му се познати се уште. За градно пливање му требаат уште еден пар на нозе.

Целта на овој робот е мерење на отпорот на водата и анализирање на начинот на пливање, истражување кое ќе покаже до каде човечкото тело ќе се измори по континуирано изведување на истите движења. Крајните резултати ќе бидат од помош за подобрување на пливачката техника.

Тимот на истражувачи што стојат зад Свуманоид, кој ги предводи професорот Мотому Накашима, се надеваат дека во иднина роботите ќе можат да ја преземат улогата на човечките спасувачи, ќе ја чуваат плажата и ќе им помагаат на пливачите во неволја.

Инженерите го развиле телото на роботот во 3D слика, од непознат олимписки пливач и по тој приказ ја дизајнирале пластичната верзија, што може да се произведува во сите големини.

За жал, овој робот е се` уште далеку од преземање на улогата на Дејвид Хаселхоф во Бејвоч, или Памела Андерсон. Издржливоста, резултатите и отпорноста на вода и понатаму се проблем. Еден од истражувачите на институтот Ченг-Хјун Чанг, се надева дека наведените проблеми ќе се решат следните недели и рекоа дека сакаат да се обидат со појак мотор, заради поголема сила. Засега оваа снага не била доволна.

Tags: , , ,

Александар Младеновски

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1