Една од жртвите на пукањето во Далас е и 37- годишната жена која е ранета во обид да ги заштити своите деца.
Шетамија Тејлор била на протестот за правата на Афроамериканците заедно со своите четири сина кои се на возраст од 12 до 17 години.
Моментно е на операција и се верува дека таа е една од двајцата цивли кои се ранети во престрелката, покрај седумте полицајци кои се ранети, а петмина го загубија животот.
Нејзината сестра Тереза Вилијамс навела дека Тејлор со своето тело ги прекрила децата штом го чула пукањето.