Се породи Лив Тајлер. Преубавата актерка на свет ја донесе ќеркичката Лула Роуз. Со нејзиниот партнер веста ја објавија на Инстраграм. Лив со спортскиот агент Дејвид Гарднер е во брак две години и веќе имаат син.
-Нашата малечка Лула Роуз Гарднер пристигна, напиша Лив под фотографијата на нејзината ќерка која е во прегратките на татко и.
Гордиот татко пак на својот Инстаграм напиша дека Лула Роуз е здрава и убава како нејзината мајка.