Хотелската соба во која починал Никола Тесла се изнајмува за 200 долари (ФОТО)


Славниот научник Никола Тесла десет години живеел во две споени соби на хотелот „Њујоркер“ во Њујорк. По неговата смрт во 1943 година собите биле изнајмувани по регуларна цена од околу 200 американски долари.

Врската помеѓу славниот научник , роден во местото Смилјан во Хрватска, и хотелот „Њујоркер“ траела од 1933 до 1943 година и неговата смрт токму во таа хотелска соба на 33. кат.Nikola Tesla4

Тесла кој поради својата ексцентричност имал малку пријатели, го обожувал хотелот „Њујоркер“. Тој ги споил собите 3327 и 3328, претворувајќи ги во свој дом. Собите во кои престојувал Тесла се едноставни, уредени во арт деко стил, со прекрасен поглед на Менхетен. Инаку, во тоа време хотелот „Њујоркер“ само што бил изграден и извесно време бил највисоката зграда во Њујорк.

Хотелот бил дизајниран во прекрасен арт деко стил, со 43 ката, со сопствен електричен генератор кој можел да произведе енергија за да опслужи 35.000 луѓе, лизгалиште, болница. Сепак, Тесла не се грижел премногу за гламурот, живеел скромно и осамено, а најголема љубов му биле гулабите. Секој ден шетал до паркот Брајант во близина на Тајмс сквер, за да може да ги храни „своите“ гулаби.

Човекот кој со своите изуми во полето на електротехниката и радиотехниката го промени светот и покрена индустриска револуција, додека бил жив не се прославил колку што заслужил. Делумна причина за тоа е неговата ексцентричност поради која никогаш не успеал да ги уновчи своите генијални изуми, па при крајот на животот живеел од хонорарот од својата татковина. Иако му биле потребни пари, во 1912 година Тесла одбил да ја прими Нобеловата награда за физика бидејќи тврдел дека неговиот противник Томас Алва Единсон не бил вистински научник.

Дури по неговата смрт светот ја увидел неговата генијалност, а во САД , Тесла станал симбол на обединетите сили на сите народи во името на мирот и науката. На датумот на неговото раѓање, 10 јули, во Њујорк и во многу други американски држави се слави Денот на Никола Тесла. Освен плакета на хотелските соби во кои Тесла престојувал, неговото име може да пронајде низ цел Менхетен.

Натписот „Аголот на Никола Тесла“ е поставен на раскрсницата на 40-тата улица и Шестата авенија. Фотографии на научникот се поставени во музејот на Статуата на слободата и бројни други музеи.

По смртта не Тесла од хотелот сакаат да се фалат дека во нивните соби живеел и умрел тој славен научник и изумител, а во големиот текст објавен во познатиот магазин „Њујоркер“, авторот Марк Сингер пишува:

– Според зборовите на Џозеф Кини, главниот инжинер и архивист на хотелот „Њујоркер“, три категории на луѓе се најчести гости во хотелот, меѓу кои и истакнати полтички фигури: инжинери по електротехника и технолошки ентузијасти; луѓе кои се интересираат за НЛО и смртоносни зраци, патување низ времето и антигравитациски авиони и Хрвати и Срби.

Тоа се категории на луѓе кои сакаат да го посетат и да спијат во хотелот во кој живеел славниот научник.

Никола Тесла во Њујорк пристигнал во 1884 година, како 28-годишно момче со 20 долари во џеб. Починал без доволно признанија за своите генијални изуми, но денес го слави и почитува целиот свет.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1