Киднаперот на малата Маша се брани: Сè се договоривме со мајката


Себастијан Бранш, човекот кој учествуваше во киднапирањето на малата Маша, на вчерашното сослушување во судот изјавил дека тој не го киднапорал девојчето, туку наводно се договорил со родителите Мирјана и Дамир Пренковиќ да му ја позајмат на 7 дена. Се со цел нејзино подметнување на ДНК тестирање во Франција.masa-kidnaperiii

Ова тестирање било потребно за да се утврди татковството на внуката на неговата сопруга Алексис Горини Бранш. Себастијан пред судот истакнал и дека на мајката и дале 1.800 евра на паркингот пред да го земат девојчето.

На крајот од судењето, тој додал дека нивен куќен пријател преку сајтот „Бејби бум“ ги контактирал родителите на малата Маша, а потоа околу нејзиното „изнајмување“ договорот го продолжиле Алексис и нејзината ќерка Емелин. Но, не се сеќава какви биле пораките.otmicari-masa-foto-emil-conkic_1000x0

-Пратена ни е порака со содржина на 13 март да дојдеме во „Макси“ и да се видиме со мајката. Таму ја најдовме со сопругата, а таа ни рече да ја следиме покажувајќи го правецот со рака. Надвор, на улица ми даде знак да го земам детето, а потоа го пушти. Госпоѓата Пренковиќ сама падна и ги измисли повредите бидејќи ако јас ја турнев, јајцата кои ги носеше ќе се скршеа на друго место, истакна Себастијан, пренесуваат српските медиуми.

Адвокатот на семејството на киднапираната Маша го прашал зошто ако бил таков договорот не ја земале мајката во Франција, а тој одговорил дека тоа не било возможно бидејќи Мирјана имала проблеми, односно во тој момент се разведувала од сопругот како што и самата, вели тој, напишала на социјалните мрежи.

Пресудата се очекува да биде изречена во септември за кога се закажани и завршните зборови.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1