Ајфеловата кула во Париз синоќа беше речиси целосно прекриена со црн чад откако се запалил пиротехничкиот материјал за огномет кој се наоѓал во еден од камионите.
На социјалните мрежи се појави снимка на која се гледа една од најпознатите туристички локации во Франција прекриена со чад, по што почна да се шири паника.
Полицијата веднаш соопшти дека инцидентот бил предизвикан од камион кој превезувал пиротехнички материјал кој се запалил, и потврди дека настанот не е поврзан со нападот во Ница и дека не станува збор за терористички напад.
Сепак, имајќи ги предвид случувањата во Ница, полицијата ги замоли граѓаните да не приоѓаат до кулата.