Синоќа 17-годишен Авганистанец со секира и нож повреди повеќе од 20 луѓе во воз во Вицбург.
Патниците сведочат за крвавиот пир на напаѓачот кој додека мавтал со секирата во вагонот на смртта, извикувал „Алах акбар“.
-Ползевме по подот, ги баравме кутиите за прва помош. Потешко повредените само лежеа беспомошно, вели сведок.
-Откако нападна повеќе патници, избега од возот, но во тој момент налета на неколку специјалци кои го застрелаа откако и нив ги нападна со нож, изјави утрово баварскиот министер за внатрешни работи Јоаким Херман за јавниот сервис АРД.
Авганистанецот дошол во Германија пред две години како малолетник без придружба и во март годинава поднел барање за азил. Живеел во домот за тинејџери-бегалци до пред две недели кога бил сместен во згрижувачко семејство.
Херман изјави дека при претресот на неговата соба истражителите нашле рачно насликано знаме на Исламската држава.