Во возот на смртта како во кланица: Касапеше со секира, ползевме по крвавиот под


Синоќа 17-годишен Авганистанец со секира и нож повреди повеќе од 20 луѓе во воз во Вицбург.

Патниците сведочат за крвавиот пир на напаѓачот кој додека мавтал со секирата во вагонот на смртта, извикувал „Алах акбар“.voz 44

-Ползевме по подот, ги баравме кутиите за прва помош. Потешко повредените само лежеа беспомошно, вели сведок.

-Откако нападна повеќе патници, избега од возот, но во тој момент налета на неколку специјалци кои го застрелаа откако и нив ги нападна со нож, изјави утрово баварскиот министер за внатрешни работи Јоаким Херман за јавниот сервис АРД.

Авганистанецот дошол во Германија пред две години како малолетник без придружба и во март годинава поднел барање за азил. Живеел во домот за тинејџери-бегалци до пред две недели кога бил сместен во згрижувачко семејство.

Херман изјави дека при претресот на неговата соба истражителите нашле рачно насликано знаме на Исламската држава.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1