Судар на конвојот возила во кои бил Доналд Трамп


Конвојот возила, во кој се наоѓал Доналд Трамп, вчера во Њујорк имал сообраќајна несреќа, но претседателскиот кандидат на републиканците минал без повреди, информира првиот човек на неговата кампања Пол Манафорт.

-Слушнав дека сите се добри. Кажано ми е дека никој не е повреден, за Си-Ен-ЕН изјави Манафорт.donald tramp

„Господин и госпоѓа Трамп се во авионот и доаѓаат наваму“, рече Манафорт во Кливленд, каде почна четиридневната претседателска конвенција на Републиканската партија, која до крајот на неделата и официјално треба да го номинира Доналд Трамп за претседателски кандидат.

Агенциите пренесуваат дека конвенцијата почнала хаотично бидејќи еден дел од делегатите барале промена на правилата за гласање, за да можат да гласаат според совест, а не како што се обврзани со гласањето во своите сојузни држави.

„Срамота! Срамота!“, извикуваа делегатите на кои им беше скратена можноста да расправаат за можните промени во гласањето, пренесоа француските медиуми.

Некои од делегатите кои се против Трамп дури и ја напуштија конвенцијата.

Само неколку блока понатаму од местото на одржување на конвенцијата, се собраа приврзаници и противници на Трамп. Тие се навредуваа меѓусебно, но до физичка пресметка не дојде, пренесоа британските меидуми.

Протестите ги обезбедуваат голем број полицајци, кои ги одвоија двете групи демонстранти.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1