Повеќе од осум илјади научници, членови на Меѓународните организации за заштита на животната средина, објавиле на последниот Глобален еколошки форум, список од животни, билки и печурки што наскоро ќе исчезнат од Земјата.
Загрозените видови живеат во 48 земји низ целиот свет, а како што наведуваат стручњаците од Меѓународното здружение за зачувување на природата и Лондонското зоолошко друштво, нивното исчезнување може да се спречи ако итно се преземат соодветни мерки.
Меѓу ризичните видови, се наоѓаат и жолтата риба кретекуша, амстердамскиот албатрос, тарзанскиот камелеон, малата шљука од врстата eurynorhyncus pygmeus, монотремите “zaglossus attenboroughi”, наречени по познатиот натуралист Дејвид Атенбороу.
Пет најзагрозени видови:
Манакинг птицата спаѓа во една од најзагрозените видови, единствено и одговара престојот во јужно-американските тропски шуми.
- Место на престојување: Бразил
- Број на преживеани: 779
Суматранскиот носорок е заради уништувањето на неговата природна средина, означен како критично загрозена врста. Опстанува само во делот на Малајскиот архипелаг.
- Место на живеење: Малезија и Индонезија
- Број на преживеани: 250
Меѓу загрозените врсти се наоѓа и пигмејскиот трозабен мрзливец, кој настанал на островот Ескудо де Верагуас, 16 километри оддалечен од Панама.
- Место на живеење: Панама
- Број на преживеани: 500
На врвот на листата се наоѓа шумската птица scolopacidae, на англиски позната како “sendpajper” (sandpiper), која живее во Русија. Моментално постојат само 100 парови од овие птици, а нивниот број секоја година се намалува за една четвртина.
- Место на живеење: Русија, Бангладеш, Бурма
- Број на преживеани: 200
Иако овој вид на мајмуни е нов за научниците, тој е лесно препознатлив. Азијатите тврдат дека мајмуните многу лесно се наоѓаат, особено кога врне дожд , затоа што мајмуните имаат проблем кога им влегува вода во краткиот нос, што предизвикува кивање.
- Место на живеење: Виетнам
- Број на преживеани: 200