Најзагрозените животински видови на светот


 

Повеќе од осум илјади научници, членови на Меѓународните организации за заштита на животната средина, објавиле на последниот Глобален еколошки форум, список од животни, билки и печурки  што наскоро ќе исчезнат од Земјата.

Загрозените видови живеат во 48 земји низ целиот свет, а како што наведуваат стручњаците од Меѓународното здружение за зачувување на природата и Лондонското зоолошко друштво, нивното исчезнување може да се спречи ако итно се преземат соодветни мерки.

Меѓу ризичните видови, се наоѓаат и жолтата риба кретекуша, амстердамскиот албатрос, тарзанскиот камелеон,  малата шљука од врстата eurynorhyncus pygmeus, монотремите “zaglossus attenboroughi”, наречени по познатиот натуралист Дејвид Атенбороу.

 

Пет најзагрозени видови:

 

1. Манакин птица

Манакинг птицата спаѓа во една од најзагрозените видови, единствено и одговара престојот во јужно-американските тропски шуми.

  • Место на престојување: Бразил
  • Број на преживеани: 779

 

 

2. Суматрански носорог

 

Суматранскиот носорок е заради уништувањето на неговата природна средина, означен како критично загрозена врста. Опстанува само во делот на Малајскиот архипелаг.

 

  • Место на живеење: Малезија и Индонезија
  • Број на преживеани: 250

 

 

3. Пигмејски мрзливец

Меѓу загрозените врсти се наоѓа и пигмејскиот трозабен мрзливец, кој настанал на островот Ескудо де Верагуас, 16 километри оддалечен од Панама.

 

  • Место на живеење: Панама
  • Број на преживеани: 500

 

4. Scolopacidae

На врвот на листата се наоѓа шумската птица scolopacidae, на англиски позната како “sendpajper” (sandpiper), која живее во Русија. Моментално постојат само 100 парови од овие птици, а нивниот број секоја година се намалува за една четвртина.

  • Место на живеење: Русија, Бангладеш, Бурма
  • Број на преживеани: 200

 

5. Мајмун со испакнат нос

 

Иако овој вид на мајмуни е нов за научниците, тој е лесно препознатлив. Азијатите тврдат дека мајмуните многу лесно се наоѓаат, особено кога врне дожд , затоа што мајмуните имаат проблем кога им  влегува вода во краткиот нос, што предизвикува кивање.

 

  • Место на живеење: Виетнам
  • Број на преживеани: 200
Share Button

Tags: , ,

Александар Младеновски

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1