Композиторот и музичар Емин Џијан објави снимка од моментот кога се случи силниот земјотрес во Скопје.
Снимката е од проба на оркестарот ФАМЕС, кој е сместен во зградата на Македонската телевизија.
Како што може да се види, одеднаш музичарите срипуваат од столчињата и тргнуваат бргу да ја напуштат салата во која ја изведуваат пробата.