Ова е бомбашот од Њујорк


Њујоршката полиција соопшти дека трага по 28-годишниот Ахмад Кан Рахами во врска со бомбашкиот напад во квартот Челзи во Њујорк.

Како што јави „Си-Ен-Ен“, полицијата објавила слика од осомничениот и дека градоначалникот на Њујорк, Бил де Блазио, изјавил дека осомничениот би моќел да биде вооружен и опасен, дека се работи за жител на сојузната држава Њу Џерси и е натурализиран американски државјанин.bombas-640x359

Извори на ТВ мрежата „Ен-Би-Си“ велат дека Рахами бил на снимката од експлозијата во Челзи во саботата навечер.

Идентификацијата на бомбашот стигна неколку часа откако ранец со бомба експлодира додека полициски робот го анализирал во близина на железничката станица во местото Елизабет од каде што потекнува Рахами.

Се наведува дека бомбата на Менхетен и оваа во Елизабет биле поврзани со мобилен телефон.

Медиумите во Њујорк претходно објавија дека американските федерални власти привеле пет лица за можна поврзаност со експлозијата во Њујорк, додека њујоршкиот огранок на ФБИ објави на Твитер дека нема обвинети за позврзаност со експлозијата во која беа повредени 29 луѓе.

Весникот „Дејли њуз“ пренесува дека во еден автомобил е пронајдено оружје. Истиот весник објави и дека едно лице е идентификувано за користење на снимките од надзорните камери, но дека сѐ уште не е јасно дали е тој еден од петтемина приведени.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1