Од викендов стартуваше новата сезона на популарното музичко детско шоу „Ѕвездичките на Пинк“, која е хит на Сител Телевизија. 13 годишната скопјанка Мина Блажев ја отпеа песната „It’s a man’s man’s world“ и ги доби сите пет столчиња и пофалби од жирито.
-Многу професионално и доста зрело. Браво, секоја чест! Ова ќе биде супер дружење со тебе, едвај чекам да видам што уште си подготвила, оцени Сале Цветковиќ.
-Имаш голема наклонетост од сите нас! Што ви рекол Хари „мислам, ако споредуваме со претходните, ова не е петка туку десетка“, ете. Тоа беше чиста десетка, кажа Гоца Тржан.
-Беше фантастично, феноменално, вредно за воодушевување. Благодарам Македонија на ваквите таленти, кажа Јелена Томашевиќ.
Македонскиот пејач се пофали дека малата ѕвездичка е негова внука.