Трагедија во Куманово: Девојче падна од трети кат


Дванаесет годишно девојче од Куманово пред два дена паднало од прозорец од трети кат од станот каде живее.policiska-lenta

Во полиција случајот бил пријавен вчера од кумановската болница. Поради тешки повреди (набиен граден кош и фрактура на десна нога), девојчето итно е препратено на Детска хирургија во Ургентен центар Скопје и се наоѓа надвор од животна опасност.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1