Вчера во 19.30 часот во Скопје на ул. „2-ра Македонска Бригада“ се случила сообраќајна незгода во која Р.С. (35) од Скопје, додека го управувал ПМВ „Рено Трафик“ со скопски регистарски ознаки, од задната десна страна од возилото испаднало петгодишно дете-сопатник во возилото.
Во незгодата дететто се здобило со тешки телесни повреди по што било пренесено во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ каде му била укажана лекарска помош и е задржано на понатамошно лекување.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Скопје.