Поради грешка на лекарите, останал без здрав бубрег


Хирург од Масачусетс по грешка отстранил бубрег на здрав пациент, бидејќи имал исто име и презиме како човекот кој навистина имал тумор на бубрегот.

Забуната која го чинела пациентот здрав бубрег се случила минатиот јули, кога двајца мажи со исто име и презиме направиле анализи и снимки на бубрегот. На една од снимките, се гледало дека на едниот бубрег постои голем тумор, што било и причина лекарите да се одлучат за операција и вадење на заболениот орган.bubreg

Меѓутоа, поради грешка на лекарите, на оперативната маса легнал мажот со здрав бубрег и со исто име како пациентот чијшто орган бил зафатен со туморот. Дека згрешиле, лекарите сфатиле дури откако го извадиле здравиот бубрег.

Иако лекарите за грешката се обиделе да обвинат надворешен фактор, извештајот покажал дека не биле направени дополнителни проверки за тоа кој пациент е во прашање, а кои можеле да бидат направени врз основа на датумот на раѓање или на некој друг податок од картонот.

Исто така, инспекцијата која била испратена во споменатата болница во текот на истрагата открила низа пропусти, меѓу кои и три случаи во кои пациентите не биле правилно идентификувани.

На пациентот на кој му е изваден бубрегот му била извршена трансплантација.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1