Во Скопје, на ул.„Козле“ ноќеска околу 02,50 часот од страна на непознат сторител било пукано од огнено оружје најверојатно од автоматска пушка во патничко моторно возило „Ауди“ сопственост на Р.К., а воедно била фрлена и експлозивна направа која не се активирала.
МВР денеска соопшти дека по извршување на кривичното дело лицето го напуштило местото на настанот. Повредени лица нема.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот