На чикашкиот меѓународен аеродром се запали патнички авион на Американ Ерлајнс при полетување. Повредено е 21 лице
Пилотот на авионот Боинг 767 на авиокомпанијата Американ Ерлајнс закочил при полетувањето поради проблеми со моторот, соопшти компанијата. Дваесет патници и еден член на екипажот се полесно повредени и се пренесени во болница. Пилотот првично мислел дека пукнала гума, но станувало збор за проблеми во еден од моторите, кој се запалил. Во авионот кој требало да лета за Мајами се наоѓале 161 патник и 9 членови на екипажот.
Видеоснимката покажува како од авионот излегува чад, додека патниците ја напуштаат кабината преку излез во случај на опасност.
Аеродромот во Чикаго со околу 77 милиони патници годишно е еден од најфреквентните во САД.