Роберт де Ниро е заинтересиран за станот на Јосип броз Тито на Менхетн


По претходно објавентата информација дека актерот Џек Николсон сака да го купи станот кој бил во сопственост на поранешната СФРЈ, а што го купил лично Јосип броз, сега за оваа недвижнина е заинтересиран уште еден амрикански актер – Роберт де Ниро.stan-tito-njujork

Вредноста на станот со шест спални соби пред 15 години беше проценета на 1,7 милиони долари, но сега, апартман во непосредна близина и со слична квадратура, во њујоршките агениции се продава за околу 22 милиони долари. Ако на ова се додаде и иксториската вредност на станот, неговата вредност може да биде многу поголема.

Според претходно постигнатиот договор за сукцесија на недвижниот имот на поранешната заедничка држава, овој стан и припаднал на Република Србија, како и вкупно 40 проценти од целиот имот во странство на СФРЈ. Според официјални информации од српското Министерство за надворешни работи, во чија надлежност е сега овој објект на Менхетен, станот во Њујорк ќе се најде на пазарот на недвижнини најдоцна за две недели.

Доколку познатиот холивудски актер го купи станот сместен на една од најдобрите адреси на Менхетен, Авенијата Парк 730, Република Македонија може да инкасира 7,5 отсто од приходот, сметано по формулата за економска моќ на секоја од тогашните југословенските републики.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1