Ден по пронаоѓањето на арсенал оружје во близина на куќата на српскиот претседател Александар Вучиќ, безбедносните српски служби интензивно работат на расветлување на случајот. По тој повод денес се огласи и самиот Вучиќ.
-Доколку постои и 1 процент веројатност некој да подготвувал атентат не би имал никакви шанси за да преживеам, бидејќи од 40 метри со „зоља“ и слеп ќе погоди, наведува српскиот премиер на денешната прес-конференција, додавајќи дека оружјето е пронајдено на едвај 15 метри од исклучувањето кон неговата семејната куќа.
Безбедносните служби и форензичарите работат на собирање на докази. Вучиќ истакнува дека очекува интензивна истрага.
-„Зољата“ има домет и на 200 метри, а доколку некој го познава теренот, нема промашување. Се надевам дека некој случајно го оставил тоа е уште поголем проблем бидејќи би можело да настрадаат деца. Единствено момците од обезбедувањето ми кажаа дека местото на кое е пронајден арсеналот е идеално за извршување на напад, вели премиерот на Србија.
Вчера попладне во шумата во Јајинци се пронајдени „зоља“, четири рачни бомби, 100 парчиња муниција калибар 7,62 милиметри. Најдени се и куршуми за автоматско оружје и снајпер. Според проценките, пронајдената количина на оружје би можела да уништи цела колона на возила.-Околу 16:05 некој дојавил дека има нешто сомнително во шумата во Јајинци, за што преку порака ме извести Небојша (Стефановиќ, министер за внатрешни работи). Му одговорив: „Ајде да се кладиме дека ќе најдеш оружје на тоа и тоа место“. Тој простор е еден процент од шумата. Стефановиќ за кратко време се јави и праша: „Како знаеше?“. Ете случајно погодив, каде инаку луѓето би оставиле старо оружје, ако не таму. А некои стигнаа да ни се јават околу 16:15 и да знаат за што се работи. Земени се отпечатоци, се што е потребно и сигурен сум дека ќе се најде парцијален ДНК. Ако не се најде, тогаш сите ќе знаеме за што станува збор, заклучува српскиот премиер.