Франсцускиот сатиричен неделник Шарли Ебдо соопшти дека во своето најново издание ќе објави карикатури на пророкот Мухамед.
Уредникот на магазинот – карикатуристот, кој користи прекар Шарб, изјавил дека овие карикатури ќе ги шокираат само оние ,, кои сакаат да бидат шокирани,,
Списанието излезе денес, а веднаш реагираа и француските политичари и исламската заедница во Франција. Советот на муслимани во Франција, која е 4 милиони бројна популација во оваа земја, соопштила дека најостро го осудува овој нов чин на исламофобија.
,, апелираме до муслиманите во Франција да не реагираат на оваа провокација,, се вели во нивното соопштение. Преставникот на најголемата џамија во Франција Dalil Bubaker, изразил загриженост што овие карикатури може дополнително да го зголемат бесот на муслманскиот свет.