Бракот ве здебелува: Не дозволувајте љубовта да ве здебели


Луѓето во брак се во просек 4 кг потешки од самците, и тоа е податок заради кој на самците не им се брза да запловат во брачните води.

 

Меѓутоа, навистина би било штета да го отфрлите бракот и живеењето во заедница заради страв од килограми. Ако веќе влеговте во таа замка на здебелување, ќе ви биде од голема помош да дознаете што точно од моментот на венчавката ве прави дебели и како тоа да го промените.

Седење пред телевизор

На многу парови во долги врски или брак, омилена забава им е излежување на каучот во дневната соба со омилената ТВ програма и неизбежните грицкалки. Истражувањата покажуваат дека паровите најголемиот дел од времето го поминуваатседејќи и јадејќи. Сепак, не грижете се – слабеењето не подразибра дека ќе морате да се откажете од времето што го поминувате во мир само со партнерот.

Едноставно пронајдете начин да бидете активни заедно, а не ја вклучуваат храната. Сексот се смета, но не е доволен. Во пар можете да возите велосипед, да планинарите, играте или само да се прошетате по вечерата. Која активност и да ја одберете, потрудете се да трае најмалку 3-5 пати неделно.

Одгледување на деца

Возрасните што живеат со деца од било која возраст, секоја недела собираат по 34 грама повеќе сало, за разлика од врсниците што се уште немаат деца. Една од причините е таа што родителите често се зафатени и работат, што стигнуваат да спремат заледена пица, хамбургери и слични брзи јадења. Меѓутоа и овде постои решение.

Наместо калорична и брза храна, потрудете се во домаќинството секогаш да имате замрзнат зеленчук, интегрален ориз што се подготвува во кеса и пилешки гради или рибји филети. Тоа ќе биде брзински ручек, ама здрав ручек.

Колку јаде партнерот, толку јадете и вие

Додека бевте сами, чинија ви беше доволно за вечера, но, тоа многу често се  менува кога почнувате да живеете заедно. Непишано правило е дека жените со своите партнери почнуваат да јадат речиси колку нив, а повеќето машки можат да изедат повеќе од својата партнерка.

Сепак, зголемувањето на количината на храната што ја изедувате не мора да биде лоша промена. Не е ако исхраната ја збогатите со поголеми количини на зеленчук богат со влакна, а лебот и тестенините ги намалите. Пазете и на калориите. Можете да се обидете со следната формула: доручек 300 калории, ручек 400 калории, ужина 150 калории, вечера 500 калории и доцна ужина 150 калории.

Недостаток на време за себе

Покрај работата, децата и останатите обврски, скоро невозможно е да најдете слободно време за три пати неделно одење тренинг пилатес или во теретана.

Меѓутоа, за да бидете активни, не морате воопшто да се трудите да одвоите слободно време. Треба само да знаете како да ја искористите секоја прилика во текот на денот за согорување на калории! И 5 минути оптегнување на телото ќе биде доволно да се чувствувате подобро, а за 20 минути можете да направите и тоа како добра циркулација на крвта и тренинг за целото тело за зголемување на енергијата.

Share Button

Tags: , ,

Александар Младеновски

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1