Николета Милијанчевиќ, одбојкарка на ЖОК Омладинац од Нови Бановац, починала во неделата по кратка и тешка болест, соопшти Одбојкарскиот сојуз на Србија. Николета имаше само 17 години.
Таа беше членка на екипата на Спортската гимназија од Белград, која на Светското училишно првенство освои бронзен медал.