ДИК: Поради недоволен број пријавени нема да се гласа во осум градови во дијаспората


Во осум градови во дијаспората нема да се спроведе гласање на парламентарните избори 2016 година, бидејќи не се пријавиле доволен број гласачиза да се организираат избори.dik izbori

Државната изборна комисија информира дека во Токио, Њу Делхи, Атина, Астана, Каиро, Киев, Талин и Тел Авив иако во законски определениот рок се пријавиле за гласање во дипломатско-конзуларните претставништва и конзуларни канцеларии на Република Македонија нема да се организира гласање, бидејќи бројот на пријавени граѓани е помал од 10.

Од ДИК појаснуваат дека согласно Изборниот законик во овие дипломатско-конзуларни претставништва и конзуларни канцеларии нема да се спроведе гласање на предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Македонија закажани за 11 декември 2016 година.

Граѓаните кои се пријавиле за гласање во овие дипломатско-конзуларни претставништва и конзуларни канцеларии, своето право на глас ќе можат да го реализираат на нивните избирачки места според адресните податоци во Република Македонија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1