Вчера околу 22.00 часот, на ул. „Васил Ѓоргов“ од засега непознати причини било опожарено патничко моторно возило „Сеат Леон“ со скопски регистарски ознаки, кое било паркирано пред зграда.
Многу брзо на местото на настанот пристигнала екипа од Бригадата за противпожарна заштита и го изгаснала пожарот. Во пожарот делумно бил опожарен предниот дел на автомобилот.
За настанот бил известен Јавен обвинител, кој не излегол на местото на настанот, а увидот го извршила увидна екипа.
По наредба на Јавен обвинител, возилото е пренесено за вештачење во МВР. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.