Турската национална авиокомпанија „Туркиш ерлајнс“ денеска откажа десетици летови од меѓународниот аеродром „Ататурк“ во Истанбул поради лошите временски услови.
Засега се откажани најмалку 20 летови.
Се предвидува дека и утре ќе бидат анулирани еден дел од летовите.
Поради лошите временски услови запрено е и движењето на автобусите во некои реони.
Синоптичарите прогнозираат дека ноќеска, најдоцна утре ќе завее снег, поради што големите општини ги мобилизираа екипите за справување со зимски услови.