Безуспешно ја барале по сите роднини и пријатели – исчезна девојка во Тетово


Во неделата вечер во 00.30 часот во ПС Тетово, А.И. од с.Бозовце, со место на живењее во Тетово, пријавил дека исчезнала неговата ќерка Д.И. (21), која била мажена во с.Камењане.policija-345

Девојката , во саботата дошла на гости кај својот татко и следниот ден околу 18.30 часот излегла и заминала во непознат правец.

Од тој момент истата не се вратила, ниту пак се јавила да им каже каде се наоѓа. Неколку пати се обидел да ја побара на телефон, но истиот и бил исклучен. Пријавителот заедно со зетот се обиделе да ја пронајдат, барајќи ја кај роднини и пријатели.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1