Бред или Анџелина? Холивуд вчера покажа на чија е страна


Силен аплауз и овации од сите присутни во хотелот „Беверли Хилтон“ во Беверли Хилс, Калифорнија. Вака Бред Пит беше пречекан од своите колеги кога синоќа, на 74. доделување на наградите „Златни глобуси“, се качи на сцената да го претстави филмот „Мунлајт“, кој подоцна победи во категоријата за најдобар филм-драма.bred i andjelina

Педесет и тригодишниот актер гордо чекореше до сцената, а аплаузот и поддршката го бодреа на секој чекор. Особено задоволен што неговиот колега e добро и покрај кризата во приватниот живот, изгледаше Мет Дејмон.

Неодамна, Пит имаше горчливо божиќно искуство, бидејќи доби само четири часа со неговите деца за празникот. Наводно, најстариот посвоен син Медокс одбил да присуствува на таа средба.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1