Студот коси животи низ Европа: Починати 10 лица во Полска, 6 во Чешка, 4 во Словачка


Зимата со силен студ и двоцифрени температури под нулата не попуштаат ниту во Полска каде е регистриран нов црн дневен рекорд. За еден ден во Полска од смрзнување починаа 10 лица.

-Во последните 24 часа од смрзнување починаа 10 лица. Од 1 ноември вкупно 65. Просечно за време за зимата умираат по 80 луѓе. Не аборавајте дека можеме да им помогнеме. Само свртете го бројот 112, апелираше Центарот за безбедност при полската влада.raka-telo-smrznata-sneg

Центарот предупредува да се обрне внимание и на постарите сограѓани, болните луѓе и оние кои излегле на студеното време бидејќи овие категории за најзагрозени. Се апелира граѓаните да внимаваат на грејните инсталации и печни бидејќи од почетокот на грејната сезона 24 Полјаци починале како последица од труење со јаглен моноксид.

Во Чешка пак, изминатиот викенд зимата однесе нови 6 жртви, а во Словачка починаа 4 лица.

Рекордно ниските теператури во Чешка за време на викендот, кога на југот се измерени дури -34,6 степени однесоа шест животи од кои најголемиот дел во Прага.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1