Со новиот Закон за извршување и воведувањето на институцијата вон судска наплата на долговите од граѓаните кои должат за комунални услуги, комуналните претпријатија се обврзани пред да поднесат тужба за нивните побарувања пред надлежен нотар, да достават барање до извршителите надлежни во нивните подрачја, преку кои ќе бараат да бидат опоменати должниците за нивните неплатени сметки.
-Извршителот преку вон судската наплата ќе ги повика граѓаните да го платат долгот во рок од 15 дена. Во тие 15 дена граѓаните доколку го платат долгот тие практично без трошоци ќе ја завршат постапката и повеќе нема да должат- изјави Емилија Павловска, потпретседател на КИРМ (Комора на извршители на Република Македонија)
Граѓаните, пак, кои веќе имаат добиено извршни решенија кај нотар кои се уште не се дадени кај извршител, по добивањето на барањето можат да се јават кај истиот и да ја изнесат својата имотна состојба.
-Дали се вработени, дали имаат други примања по други основи, се со цел да се избегне блокирањето на сметките на граѓаните и преземањето на извршни дејствија кои секако не се пријатни за ниту еден граѓанин- додаде Павловска
Од овие причини се апелира до граѓаните да имаат честа комуникација со извршителите, за навремено да се реагира и да се одбегнат дополнителните трошоци.
Сител.мк