Миша Бартон заврши на психијатрија: Актерката врескала дека мајка ѝ е вештерка!


Ѕвездата на тинејџерската серија „Округот Оринџ“ соседите ја забележале како виси на оградата во дворот, облечена само во кошула, и како вреска. Таа мрморела и дека е смак на светот, а го спомнувала и Зиги Стардaст, пишува американскиот портал ТМЗ.misa barton

Актерката Миша Бартон (31) заврши во болница на психијатриско вештачење поради многу бизарното однесување.

Во еден момент целосно се наведнала на оградата и рекла: „О, мој боже, готово е! Го чувствувам тоа и многу е бесно!“
Соседите повикале полциија поради можно предозирање, а Миша доброволно одлучила да оди во болница.MISA BARTON 44

На актерката ова не ѝ е првпат да заврши на психијатриско вештачење – беше во болница во 2009 година, кога побарала помош поради инфекција на забите. Тогаш присилно била ставена на набљудување, а лекарите се обиделе да утврдат дали страда Миша од ментално нарушување поради кое се самоповредува. Таа тогаш раскажала дека на набљудување ја ставиле поради тоа што се скарала со лекарите, бидејќи сакале да ѝ дадат инјекција, а дека таа панично се плаши од игли.misa barton tmz

Ова не ѝ е првпат и да ја „нападне“ својата мајка Нуала. Во 2015 година ја тужела дека ѝ украла пари, а минатата година намерно ја стопирала продажбата на седум милиони долари вредната вила која заедно ја поседуваат.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1