(ВИДЕО) Вечерва голема драма се одвиваше во ТВ Сител


Вистинска драма во ТВ Сител, поточно во квизот „Се или нешто“ се случуваше вечерва. Андријана ја однесе најголемата награда во 6 годишната историја на квизот. Таа успеа да заработи 310.000 денари паметно продавајќи ја кутијата во последниот круг.milion-640x292

На крајот и остана само милионот и уште една кутија од 100.000 денари. Банкарот првично и понуди 280.000 денари. По некое време тој ја зголеми понудата за 310.000 денари. Таа долго време размислуваше и се консултираше со своите најблиски но на крајот се реши да ја прифати понудата.

Кога ја отвори својата кутија, во неа имаше 100.000 денари, што значи дека успеа да ја продаде за 3 пати поскапо.
Честитки за Андријана и со здравје да си ги троши парите.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1