И нашите баби ќе добиваат плата за чување внуци?


Семејствата кои ги користат услугите на бабите и дедовците со раширени раце ја прифаќаат идејата бабите и дедовците да добиваат надомест за трудот за одгледување на внуците.babasakanje

– Идејата е одлична, не само од финансиски туку и од здравствен аспект на детето. Особено во периодот до три години кога дечињата се уште немаат стекнато имунитет. Не ми паѓа на памет да го носам во градинка до 4 години, но имам и услови. Баба живее во близина и е пензионерка која со задоволство ќе му го посвети слободното време. Знам дека е среќен со неа и знам дека ништо не му фали. Нивната посветеност не може да се плати со злато, но би била добра мотивација за нашите родители, вели една мајка на двегодишно момче.

Нејзината колешка која нема можности за “баба-сервис” и своето дете го носи во градинка од девет месеци, вели дека втора година, повеќе е на боледување отколку дома.

-Вирози, сипаници, температури, грипови, настинки…се собра наеднаш бидејќи само што ќе заздравеше морав да го носам во градинка, а таму 35 деца и си пренесуваат меѓусебно. Му падна имунитетот и завршивме во болница. Да имав кај да го оставам, кој да го чува ќе беше поинаку. И моите родители и родителите на сопругот имаат уште некоја година до пензија. Да се плаќаше за чување внуче, сигурно некој од нив ќе се согласеше да ја напушти работата, вели мајката во изјава за „Вечер“.

И бабите и дедовците немаат ништо против оваа идеја.

-Ги израснавме двете деца на постариот син, а сега имаме и близначиња од ќерката. Не сме размислувале за плата, но зошто да не. Тие пари пак ќе ги потрошиме за нив, вели една пензионерка која заедно со својот сопруг ги шеташе во Градски парк.

Од Министерството за труд и социјална политика велат дека идејата е добра и би можела успешно да се имплементира во побројни, поголеми држави од Македонија, но кај нас поприфатливи се проектите за проширување на капацитетите на градинките и отворање на нови работни места за вработување на поголем број стручни лица.

Целиот текст прочитајте го ТУКА.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1