Автобус, кој превезувал 28 српски војници, утрово во близина на Владичин Хан излетал од патот, при што се повредени 14 лица, соопшти Министерството за одбрана.
Според првичните информации на ресорното Министерство, едно лице се здобило со тешки повреди на главата, но ниту еден од повредените не се наоѓа во критична состојба, јави Танјуг.
Станува збор за припадници на 4. бригада на Копнената војска, кои патувале на релација Ниш – Врање.
Засега не се познати причините за сообраќајната несреќа.