Четвриот Петок во Септември е прогласен за Ноќ на Истражувачите од страна на Европската Комисија.
На тој ден низ цела Европа се организираат интересни и забавни настани и активности преку кои се покажува колку е возбудлива науката и колку е присутна во секојдневниот живот.
Универзитетот Американ Колеџ Скопје се придружува како организатор на оваа манифестација во Македонија. Сите се добредојдени на 28 Септември на Градскиот плоштад од 18 часот. Организирани ќе се работилници, предавања, информации за неколку области. Целта е да им се приближи науката на луѓето.